Google Inc. или гугламериканска корпорација специјализирана за интернет-пребарувања. Помеѓу корисниците е најпозната по својот пребарувач, но покрај него нуди и многу други услуги. Главно своите приходи ги остварува преку својот систем на рекламирање. Главното седиште на компанијата, познато под името Googleplex, се наоѓа во Калифорнија.

Google
Типкомерцијална
Oснована4 септември 1998 (1998-09-04)
Основач(и)Сергеј Брин, Лери Пејџ
СедиштеМаунтин Вју, САД
Клучни личностиСундар Пичаи (CEO)
Производиинтернет, софтвер
СопственикAlphabet Inc.
Вработени114.096
Порталgoogle.com

Историјат

Основачи на компанијата се тогашните студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин. Целата приказна ја започнувале неофицијално во јануари 1997 година, на Универзитетот Стенфорд, а официјално започнувале со работа на 7 септември 1998 година, започнувајќи со својот интернет пребарувач. Потоа, тие успеале својата основна дејност, пребарување и рекламирање, да ја прошират на други подрачја, како што се: електронска пошта, онлајн мапи, прикажување на видео-формати и слично.[1][2]

Името на фирмата

Името Google претставува игра на зборови, т.е. тоа е изведено од зборот „гугол“ (googol) - математички термин за број, претставен со единица и 100 нули. Поради популарноста на пребарувачката машина, во англискиот јазик се појавил неологизмот to google или to Google, што значи „пребарување на Google за наоѓање на информации на Интернет“. Овој збор е додадена во Оксфордскиот англиски речник и во Merriam-Webster.

Gmail

Gmail е веб-заснован поштенски клиент. Корисниците имат возможност да добиваат електронски писма од други локални клиенти. Како и други дополнителни функционалности, која ја прави услугата на Google популарна и лесна за користење.

Операции и финансиски резултати

Во 2018 година, регулаторните тела на Европската комисија за заштита на конкуренцијата ѝ изрекле казна на „Алфабет“ (Alphabet), фирмата-мајка на „Гугл“, во висина од 4,6 милијарди евра. Казната била изречена поради злоупотреба на оперативниот системАндроид“ во наметнувањето на интернет-пребарувачот „Гугл Хром“ (Google Chrome) и на системот за апликации „Гугл плеј“ (Google Play). Претходно, во 2017 година, „Гугл“ бил принуден да плати казна од 2,5 милијарди евра.[3]

Надворешни врски

Наводи

  1. Brin, Sergey; Page, Lawrence (1998). „The anatomy of a large-scale hypertextual Web search engine“ (PDF). Computer Networks and ISDN Systems. 30 (1–7): 107–117. CiteSeerX 10.1.1.115.5930. doi:10.1016/S0169-7552(98)00110-X.
  2. Barroso, L.A.; Dean, J.; Holzle, U. (April 29, 2003). „Web search for a planet: the google cluster architecture“. IEEE Micro. 23 (2): 22–28. doi:10.1109/mm.2003.1196112. We believe that the best price/performance tradeoff for our applications comes from fashioning a reliable computing infrastructure from clusters of unreliable commodity PCs.
  3. Мирослав Саздовски, „Пет милијарди долари казна за Гугл од страна на Европската Унија“, Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 80.
🔥 Top keywords: Карлес ПуџдемонГлавна страницаСпецијална:БарајМакедонијаRedditУкраинаРусијаГригор ПрличевСкопјеДемијанАвтобиографија (Григор Прличев)КлетнициМајка ТерезаДен на востанието на МакедонијаОче нашПеколот (Божествена комедија)Страдањата на младиот Вертер30 септемвриСтудентски дом „Гоце Делчев“Поделба на гласовите во македонскиот јазикЕвропаАзијаПериоден систем на елементитеМарко ЦепенковПариска мировна конференција (1919)Географија на МакедонијаКатегорија:Села во МакедонијаБитолаДржавни празници во МакедонијаХрватски месециХЕЦ „Врбен“Автомобилски регистарски таблички во МакедонијаДанте АлигиериХороскопски знациСилјан ШтркотПовикувачки броеви во МакедонијаГоце ДелчевЈохан Волфанг ДеберајнерБелото ЦиганчеТурцијаДетски праваКонстантин МиладиновЕлектричен капацитетАлександар III МакедонскиФотосинтезаИменкаТоше ПроескиВикипедија:Одрекување од одговорностСрбијаМалечката ФадетаАнксиозностСписок на планини во МакедонијаМакедонска азбукаХајневалдеБугаријаБегалкаФрида КалоTime.mkСоединети Американски ДржавиВанчо ЧифлиганецШизофренијаСтрептококен фарингитисОхридБраќа МанакиСписок на македонски народни поговоркиДмитриј Иванович МенделеевРеферендум во Македонија (2018)Земја (планета)ЛарингитисГеографија на УкраинаПоштенски броеви во МакедонијаСписок на македонски народни и староградски песниКонтинентАкцент во македонскиот јазикПрост бројГрадови во МакедонијаВаско ЃурчиновскиПрва светска војнаМакедонски јазикСтрашо АнгеловскиАли АхметиСписок на македонски зборови од турско потеклоСобрание на МакедонијаСвети Кирил и МетодијПразници во октомвриГерманијаКочо РацинПетар ВеликиЏорџ Гордон БајронФашизамТумор на мозокПрограмска опремаВладимир ПутинЗа македонцките работиЦар СамоилЛила СтојановскаСписок на повикувачки броеви на земјитеБаталјон за специјални намениЕсен